 |
 |
 |
 |
За
повеќе инфомации изберете од менито!  |
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
 |
 |
|
|
 |
|
|
FBI
Academdy Associates Corpate Partner 22 |
|
|
|
 |
 |
 |
|
|
| |
 |
 |
|
|
![]() |
|
 |
 |
 |
 |
|
|
|
International Bodyguard Association е основана во Париз во 1957
год. Нејзиниот основач, Лусиен Виктор От (1931 - 1990) - ветеран
и повеќекратен добитник на одликувања во француската војска, е роден
во Алжир, каде што и пораснал. Во 1947 год. како доброволец и се
придружил на легијата на странците. Се борел во Индонезија и во
битката Диен-Биен Ху, за потоа да се вклучи во Deuxieme Bureau (Franch
Military Intelligence). Во 1956 год. му е доверена задача да ги
изучува и усовршува техниките од областа на личната сигурност. Резултат
на тоа е настанувањето на организацијата I.B.A. во 1957 год. како
организација за физичко обезбедување.
Заради бројните обиди за атентат на Претседателот Де Гол, господинот
Тинет (офицер во специјалните единици) го задолжил мајорот От, кој
во тоа време бил член на анти-терористичката единица во Алжир, да
организира и оспособи група врвни телохранители. Под команда на
генералот De Monssabert и под водство на От е формирана посебна
единица за обезбедување личности. Припадниците на таа група биле
ветерани на познатата единица Les Gorilles. Сестраното знаење и
искуство на мајорот От во организацијата I.B.A. е искористено за
обучување на телохранителите на кралевите, претседателите, дипломатите,
војните и медиумските ѕвезди во целиот свет. Пред смртта 1990 год.
Лусиен Виктор От изразил желба неговиот најдобар ученик господинот
Барон Кастелшорт, денешниот генерален директор на I.B.A., да го
продолжи развивањето и усовршувањето на неговиот метод.
Баронот Кастелшорт живее мошне активно. Ги обучувал како инструктор
НАТО стручњаците, Американските копнени единици, елитните британски
единици и одделението за чување односно придружба на летонското
државно раководство. Бил советник во советското специјално одделение
Anti-Speznas и во многу други држави (Камерун, Нова Гвинеја, Белгија,
Авганистан, Нигерија и УСА). Предавал антитероризам во балтичките
држави, Украина и Русија. Именуван е за советник на Royal Marine
Command, SWAT, Para Command, директор на посебните служби во Кувајт
и Алжир, потоа за член на меѓународната организација на водечкиот
кадар на полицијата, судски вештак и за ветеран на војната во Авганистан.
Во 1989 год. I.B.A. ја праќа првата екипа во помош на претседателската
придружба на балтичките републики. Првиот курс на личните обезбедувачи
на Естонија, Литва и Летонија е изведен 1990 год. Така I.B.A. како
прва странска организација во 1991 год. ја обучувала К.Г.Б. во нејзината
база во Крим. Исто така екипа инструктори 1992 год. е пратена во
Авганистан за обучување на личните обезбедувачи на новото исламско
раководство. Во граѓанската војна на Балканот I.B.A. ги обучуваше
припадниците на У.Н. во Босна, за во 1994 год. да ги оспособи државните
лични обезбедувачи и надворешните соработници на државното раководство
на Украина. Во 1997 год. центарот на I.B.A. одреден за односи со
Е.У. подготвува посебни курсеви за Европската Комисија.
I.B.A. е организација која има за цел да ги обучи припадниците на
државното, военото и цивилното обезбедување во врвно обучени телохранители.
Организацијата делува со цел да ги обедини и здружи телохранителите
од целиот свет, борејќи се за нивно службено признавање. Задача
на телохранителите е обезбедување на кралеви, претседатели на држави,
дипломати, пратеници, судии, воени лица, бизнисмени и медиумски
ѕвезди. I.B.A. телохранителите се оспособени исто така и за изработување
на програми наменети за приватното обезбедување.
|
| |
 |
 |
 |
|