| 1. |
Познатите личности
бараат самодисциплинирани телохранители, чие врвно знаење гарантира
успешна сигурност. Но, кога се во прашање сериозни уцени и закани,
ниту тоа не е доволно. Потребни се оперативни групи 24 часа
на ден. |
| 2. |
Задачата на телохранителот
е многу одговорна работа, иако истовремено е монотона, досадна
и рутинска, зошто во повеќето случаи е без посебни случувања.
Доколку ништо не се случи, значи дека телохранителот својата
работа ја извршува квалитетно, што за жал во поедини случаи
се смета за непотребно. Меѓутоа само една негативна случка го
оправдува присуството на телохранителот кој секогаш мора да
делува дискретно, коректно и успешно. |
| 3. |
Основна задача на телохранителот
е да ги предвиди евентуалните напади и на време да ги неутрализира.
Доколку пак тоа се случи треба: |
|
 |
да се заштити обезбедуваното лице
и да се преземе улогата на противник на напаѓачите; |
|
 |
да се создаде штит за обезбедуваното
лице; |
|
 |
да се отстрани обезбедуваното
лице; |
|
 |
со напад да се онеспособи напаѓачот; |
|
 |
ако е потребно на обезбедуваното
лице да му се понуди прва помош; |
| |
 |
да се соработува со претставниците
на законот, не сокривајќи информации за штитеникот или случката. |
| 4. |
Телохранителот мора
да биде добар набљудувач и аналитичар на ситуацијата и психолог.
Мора да биде подготвен на тешка работа без одмор. Да се набљудува,
анализира и реагира, ништо не препуштајќи на случајноста. |
| 5. |
Основна задача му е
да ги чува и сочува штитениците и достоинствено, дискретно и
стручно да се реши секоја ситуација во која штитеникот ќе се
најде. |
| 6. |
Добриот бодигард
мора да биде чесен, културен, дискретен, доверлив, снаодлив
и ненаметлив. Тоа е сива сенка која на штитеникот му нуди најдобра
сигурност. |
| 7. |
Телохранителот мора
да биде подготвен на стресни ситуации во кои мора да реагира
брзо и инстинктивно. |
| 8. |
Телохранителот мора
да биде подготвен да обезбеди шест основни задачи: |
|
 |
Безбедносна придружба; |
|
 |
Безбедносно возење; |
|
 |
Комуникации и преглед на електрониките
(E.C.S.); |
|
 |
Откривање и препознавање на експлозивни
направи (I.E.D.); |
|
 |
Непосредно спротивставување со или
без оружје (C.Q.B.); и |
|
 |
Прва помош (парамедицина) за телохранители. |
| 9. |
Телохранителот мора
без престанок да го дополнува своето знаење и физички способности.
Електронските направи се дел од неговата опрема (направи за
прислушување и познавање на експлозивните средства). |
| |
|
|