контакт
e-mail
прашања
контакт форма
Македонски
English
 
За повеќе инфомации изберете од менито!
ИСТОРИЈАТ
МОРАЛЕН КОДЕКС
МЕТОДИ
ПРОГРАМА
ОБУКИ
УСЛУГИ
РЕФЕРЕНЦИ
ПРЕТСТАВНИШТВА
ЗАНИМЛИВОСТИ
ФОТО АЛБУМ
ЛИНКОВИ
FBI Academdy Associates Corpate Partner 22
 

I.B.A. е меѓународна организација за оспособување на припадниците на државната и цивилната заштита во врвно обучени телохранители. Може да се оспособуваат само психофизички здрави лица кои имаат возачка дозвола, не се кривично казнувани и против нив не се води кривична постапка. Називот "телохранител" им се доделува на лица кои ќе ја совладаат програмата за оспособување под надзор на I.B.A. Посетувачите на курсот започнуваат со основната програма. Успешно завршената основна програма овозможува, по желба на посетувачите, продолжување на обуката по специјализираните програми. Специјализираните програми се организираат на меѓународно ниво. По успешно завршената 100 часовна програма учениците имаат право да добијат идентификациска значка со меѓународен број. По успешно завршеното 200 часовно обучување се доделува сребрена значка, а по 500 часовно обучување златна.

Освен основната програма за бодигарди, постојат и специјални програми за сите возрасти, посебно прилагодени за фирмите кои се регистрирани за обезбедување или за обезбедувачите од служба за обезбедување на некоја фирма. Овие курсеви се надградба или освежување на веќе постојното знаење и оспособеност. I.B.A. организира обука за меѓународни инструктори по програма од минимум 500 часови. Таа програма овозможува добивање на звање инструктор I и II степен и звање меѓународен инструктор, а со одредена пракса и звање Професор на I.B.A. Организацијата I.B.A. е препознатлива по својата квалитетна професионална работа, зошто гарантира висок ниво на оспособеност и професионално подготвени инструктори.

International Bodyguard Association не е агенција за вработување, но поединци обучени по методата на I.B.A. имаат голем успех во областите со голем ризик. За таа цел постои меѓународен регистер и сервис на бодигарди (I.B.R.) и (I.B.S.) кои посредуваат при вработувањето во целиот свет.

Денешната пракса покажува дека околу 90% од бодигардите се оспособени по застарени методи, меѓу кои се наоѓаат и оние во државните и цивилните институции. Основачот на оваа школа мајорот Лусиен Виктор От вовел метода за отстранување на ризикот. Самиот метод се состои од: безбедносна придружба и безбедносно возење, комуникации и преглед на електрониката (E.C.S.), откривање и лоцирање на експлозивни средства (I.E.D.), блиска борба со или без оружје (C.Q.B.) и парамедицина.

"Основната програма" секој месец се организира во различни држави од светот и се организира на државно ниво, додека специјализираните обуки се организираат на меѓународно ниво.

Од 1994 год. I.B.A. организира меѓународни натпревари на бодигардите. Првото натпреварување било со службата за обезбедување на претседателот на Латвија, второто во VI американски центар во Германија, во 1996 год. во Болоња во Италија, во 1998 год. во Киев под покровителство на Министерството за одбрана на Украина и во 1999 год. во Лондон.

Курсевите на I.B.A. се организираат на 15 јазици по целиот свет. Тоа е единствена организација признаена во повеќе од 50 држави. Со своите програми и работа ИБА има намера да ги запознае луѓето и да ги подготви на неминовноста дека телохранителите во иднина ќе станат дел од нашето секојдневие и културни обичаи.

Организацијата I.B.A. е позната по својата професионална работа, која гарантира врвно обучени и технички и професионално квалитетни инструктори.

Пеесетгодишното искуство во обезбедувањето на важни личности од областа на медиумите, индустријата и политичките водства укажува на тоа дека обезбедувањето со висока психо-физичка оспособеност е подобро од обичното физичко обезбедување.

УМОТ Е ПРИМАРНО ОРУЖЈЕ НА БОДИГАРДОТ

 
   
 

ИБА МК - АГЕНЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Ул. "Финска" 16 а; 1000 Скопје, Р. Македонија;
Тел/Факс: +389 (0)2 31 16 064 | Моб: +389 (0)75 226 333; +389 (0)75 260 130| E-mail: ibamk@t-home.mk